en | mk
Mamas Domasen Ajvar MAMA'S Слатко од бела лубеница Mamas Domasno Malidzano Домашно малиџано Домашен ајвар Оган Луто Домашно малиџано Оган Луто Mamas Domasna Lutenica Slatko od kivi Слатко од смокви
РЕКОА ЗА МАМАС:
  • Aјваров е како кавијар од ајкула! -Властимир Видоески, Скопје
    MAMA’S je zakon, majke mi! -Иван Лекиќ , Белград
  • Повеќе не мора да правиме Ајвар дома... -Димитар Проданов, Скопје
    Ова е прозивод за на Менхетен. -Владимир Митевски, Њу Јорк
  • Во Македонија јадев еден од најдобрите појадоци во животот. Јадев Ајвар. Боженствено. -Дерил Хана, Холивудска Актерка
 
Приказната за Мамас Стајлинг Креативен Тим
  • Kaко започна се...

    Не многу одамна, некаде на југот од Балканот, во старата скопска меана ДУКАТ, седеа тројцата пријатели Петар, Калин и Бобан. Тројцата големи гурмани, водеа прав македонски деловен состанок пред богатата софра на која имаше буквално се што може да си замисли едно гладно око.

    Со разни меса на скара, мезиња, сирења, салати, ракии и вино се гостеа нашите пријатели, нималку свесни дека токму највкусните јадења на масата ќе бидат повод за нивната бучна полемика.

    Обземени од разните ајвари, лутеница, пинџур, везени, цепкани, печени и секакви други видови пиперка, тројцата со мерак макаа од даската, кога одеднаш, сосем неочекувано, изјавата на Петар ја разбрануваа мирната и домаќинска атмосфера во меаната: "Добар е ајваров, жими се. Само мајка ми прави подобар!"

    Дали тој тоа го кажа несвесно или беше поттикнат од некое луто пиперче, не може да знаеме, но коцката веќе беше фрлена! Следен веднаш се јави Бобан кој со полна уста тврдеше дека токму неговата мајка додавала специјален зачин во ајварот и дека токму нејзиниот бил највкусен на светот. За да не остане покус, Калин ги убедуваше своите пријатели дека тајната за успехот на еден ајвар, не во зачинот туку, во љубовта која токму неговата мајка го внесува во приготвувањето.

    Целата приказна за како е создаден брендот можете да ја прочитате на овде.

  • Стајлинг

    е автентична и оригинална македонска урбана домаќинка која и покрај денешниот начин на динамично живеење и работење, наоѓа време да посвети на подготвување на вкусна домашна храна.

    Изгледот и инспирацијата за :

    Шапка – Сите наши мајки го чуваат Ајварот завиткан во весник (меѓутоа со сигурност зошто тоа го прават не се знае). На тој начин ги редат теглите една до друга во кутии и се подготвуваат за зимскиот период. Боите и дезенот на шапката на се токму инспирирани токму од тој момент.

    Здолниште – Одбрана е црната како боја, бидејќи таа најдобро се вклопува во целиот контраст на бои и најдобро ги истакнува облините на теглата. Посебно место на етикетата, покрај задолжителниот брендинг и опис на производот (логотип), му се дава на составот, односно состојките на производот. Тоа е најмногу поради специфичноста и автентичноста на регионите од каде потекнуваат истите.

    Ѓердан – За секоја дама многу важен детал на облеката е накитот. Автентично ѓердан во облик на пиперче – сорта „Капија“, симбол на Македонија, на кое може да се прочита некој детал повеќе за приказната и концептот за .

  • Креативен тим


    Улоги според времето на појавување:
    • Иницијатива и главен извршен продуцент
      – ТРГОПРОДУКТ д.о.о (главен виновник за уникатниот вкус на )
    • Развој на бренд концепт и стратегија
      – МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
    • Насоки за развој на визуелен идентитет (пакување)
      - МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг (надворешен соработник – Јелкица Поповска)
    • Финален креативен изглед
      - PeterGregsonStudio (Србија)
    • Адаптација на елементи (англиска верзија)
      - Никола Арсески
    • Фотографија и монтажа – 1цм
      (Мартин Спасовски и Гоце Богдановски)
    • Веб страна дизајн
      Синапс Груп
    • Креативен текст
    • ПР текст
      – Вера Богдановска
    • Текст шминка
      – Димитар Банов
    • Јазичен уредник
      – Магдалена Симионска
    • Спроведување на Маркетинг и Продажна стратегија
      - МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ
    • Голема благодарност до:

      - Ресторан „Дукат“
      - КОМУНА А.Д
      - Графосервис - Струмица
      - ФРЕНКИ д.о.о Струмица
      - Монико - Скопје
      - Полијестердеј - Скопје
      - и сите критично насторени пријатели (чиј вкус не беше лесно да се задоволи)

     


 
Домашен
Ајвар
Домашно
малиџано
Домашна
лутеница
Слатко од
диви смокви
Слатко
од киви
Слатко од
бела лубеница
  • Домашен Ајвар

    Тежина: 350 g. Совршена порција и 700 g. Фамилијарно пакување

    Состојки:

    • Печена пиперка од Струмица
    • печен модар патлиџан од Валандово
    • сончогледово масло
    • морска сол
    Рецепт од: "мама Марија"

  • Домашно малиџано

    Тежина: 550 g.

    Состојки:

    • Печена зелена пиперка од Струмица
    • печен модар патлиџан од Валандово
    • сончогледово масло
    • морска сол
    Рецепт од: "мама Елена"

    Домашно луто малиџано

    Тежина: 550 g.

    Состојки:

    • Печена зелена пиперка од Струмица
    • лути феферони
    • печен модар патлиџан од Валандово
    • сончогледово масло
    • морска сол

  • Домашна лутеница

    Тежина: 550 g.

    Состојки:

    • Печена црвена пиперка од Струмица
    • домати од Струмица,
    • сончогледово масло
    • морска сол
    Рецепт од: "мама Катерина"

  • Слатко од диви смокви со ореви

    Тежина: 450 g.

    Состојки:

    • Диви смокви од Струмица
    • Ореви
    • Шеќер и многу
    Рецепт од: "мама Ана"

  • Слатко од киви

    Тежина: 450 g.

    Состојки:

    • Киви од Струмица
    • Ванила
    • Шеќер и многу
    Рецепт од: "мама Софија"

  • Слатко од бела лубеница

    Тежина: 450 g.

    Состојки:

    • Лубеница од Колешино
    • шеќер, лимон, сусам
    • Ванила и многу
    рецепт од: "мама Лена"


 
Домашно производство Состојки Оригинален вкус
  • Домашно производство


    Многупати луѓето, поради автоматизираниот начин на производство, домашниот Ајвар го споредуваат со т.н индустриски. И покрај тоа што начинот и процесот на производство на „Домашен Ајвар“ e фабрички, тој е направен според оригинална рецепта, и е многу сличен на традиционалниот начина на правење Ајвар. Со цел да се зачува свежината на состојките, производството на една серија на финален производ се одвива одеднаш. Од моментот на собирањето на пиперките од нива, па се до моментот на полнење на теглите изминуваат точно 12 часа.

    • 05:00 – 10:00ч – берење на пиперката
    • 10:00 – 11:30ч – константна дистрибуција до производниот погон
    • 11:30 – 13:00ч – автоматско отстранување на дршките и семките
    • 13:00 – 13:30ч – перење на пиперките и модрите патлиџани
    • 13:30 – 13:50ч - печење на пиперките и патлиџаните
    • 13:50 – 14:30ч – лупење на пиперката (автоматско)
    • 14:30 – 15:00ч – рачно долупување на пиперките со цел отстранување на автоматско пропуштените лушпи и семки.
    • 15:00 – 15:30ч – мелење на печените пиперки и патлиџани
    • 15:30 – 17:00ч – Од пржење до пакување*:
      • Пржење на состојките во мега тави
      • Полнење на Ајварот во МАМАС (лого) тегли
      • Пастеризација на теглите (МАМАС нема конзерванси затоа јадете го веднаш после отворање на теглата)
      • Облекување на МАМАС (етикета, шапка и ѓердан)
      • Пакување во кутии (12 тегли)
    * Бидејќи времето на пржење и презервација е дел од специјалниот начин на подготвување на не сме во состојба да ви го откриеме нивното времетраење.
    Поради ваквиот начин на стандардизирано производство, ризикот од „Дали ви се погоди годинава вас Ајварот, комшике?!“ е сведен на минимум.

     

  • Состојки

    Старите велат, ако по нешто сме биле познати, тоа се пиперката и доматот. Сигурно не постои земја во Светот со толку различни и оригинални домашни рецепти од пиперки. Потврда на тоа се и пофалбите на безброј странски гости кои имале честа да ја пробаат Македонската кујна.

    За МАМАС ние ги собираме најдобрите состојки од најбогатите предели во Македонија и вешто ги спојуваме во еден единствен вкус.

    Магични состојки:

    Капија

    Капијата, или уште како што ја нарекуваат Ајварка (бидејќи е основната состојка за правење на Ајвар), е еден од најмасовно произведуваните земјоделски производи во Македонија. Најголем дел од Капијата се производува во јужниот дел на Македонија кој се карактеризира со својата препознатлива клима и голем број на сончеви денови. Посебно, според бројот на сончеви денови се одвојува Струмица и стумичкиот регион (во просек 290 годишно), од каде што се собираат и пипреките од кои се прави МАМАС.


    Модар патлиџан

    Модриот патлиџан се користи како додаток на Капијата, во процесот на производство на МАМАС. Неговиот уникатен вкус додава вистински шмек на МАМАС, и ја прави неговата структура единствена. Валандовскиот регион, поради специфичната медитеранска клима е одлично место за производство на најдобриот модар патлиџан.


    Сончогледово масло

    Високо квалитетно сончогледово масло од Македонско потекло, се користи како основна состојка во процесот на производство која ги соединува пиперките и модриот патлиџан во една единствена структура и ја дава уникатната состојка која ја прави структурата на МАМАС единствена и ги поврзува во еден единствен.


    Морска сол

    На секоја манџа и треба сол...
    ... и малку магија!

    Поволно за вегетаријанци. БЕЗ глутен.

  • Оригинален вкус

    е направен според единствена и точно избалансирана рецепта од вкусови. Состојките кои се користат се од постојани реони и добавувачи во Македонија, и нивното учество во финалниот производ е секогаш стандардно и исто.

    Еден циклус, кој се состои од берење на пиперките од нива па се до пакување на една серија МАМАС, трае точно 12 часа. Сето ова е со цел да се зачува свежината и квалитетот на пиперките (главна состојка во нашиот Ајвар). Имајќи во предвид дека сезоната за берење на пиперки е во Септември и Октомври, производстовото на се одвива во дневни циклуси.

    Поради природната разлика на секоја берба пиперки, можни се определени дисколорации во бојата и структурата на производот* . Но вкусот секогаш останува ист!!!

    * Во со цел да се задржи природниот вкус и традиционалниот начин на производство, не се додаваат адитиви и/или вештачки бои.


Рецепти

   Испратете ни ваш омилен рецепт на кој совршено би му прилегал.

Повеќе интересни рецепти може да најдете овде.

Класика

Најавтентичен и оригинален начин на уживање на МАМАс Домашен Ајвар, е да го намачкате на свежо изпечен домашен леб, сервиран во комбинација со бело Македонско овчо сирење.
 

Вкус

МАМАс Домашен Ајвар може да даде вистински шмек на вашите деликатеси од печено месо или скара. Брилијантен со било кој тип на месо, но може да оди и како додаток на печено свежо свинско ребро.

Party

Во моментите кога гостите се пред врата и ве дочекале неспремни, МАМАс Домашен Ајвар може да биде вистински спасител. Само отворете една 350-ка (тегла), и фрлете го чипсот (пченкарен или од компир) на чинијата за сервирање. Додадете парчиња пармезан, за поинтензивен вкус.
 

Даска

Македонската даска е комплетна само кога има МАМАс вкусови на неа! Послужете сувомеснато, кашкавал, зелени маслинки, бидете креативни и додајте бадеми, суво грозје или суви смокви по своја желба.

Трио

Хармоничната комбинација од различните вкусови на МАМАс е одличен стартер на вашата трпеза или МАМАс трио нека биде совршениот додаток на вашето главно јадење!
 

Пита

Освежете ги традиционалните рецепти со нови досега непробани комбинации. Во Вишка пита со пршута, моцарела и пармезан додадете МАМАс и тоа нека биде вашата тајна состојка!
Сите рецепти се подготвени во гостилница Дукат

Блог

Интересни информации и мислења може да прочитата и на нашиот блог (www.mamasfood.mk/blog/).

МАМАС факти

Факт 1: Голема лага е дека Словенците го имаа заштитено името АЈВАР, и поради тоа некои од нашите производители го нарекуваат АЈВЕР. Никој не може да заштити збор со општо значење (АЈВАР е општо име на производ). А АЈВЕР некои го нарекуваат поради тоа што ајварот така се нарекува во дијалектот на Македонците од јужниот дел.

Факт 2: МАМАС Ајварот е без конзерванси (затоа конзумирајте го веднаш по отворање)

Факт 3: Името ајвар доаѓа од турскиот збор hay-var, што значи “солен кавијар “ и ја дели истата етимологија со кавијарот.

Факт 4: Ајварот е широко распространет деликатес на Балканот и е составен дел од секоја трпеза.

Факт 5: Факт е дека мајкаму на Чак Норис знаела да прави Ајвар, дури и пред тој да почнал да се прави на Балканот (со сигурност сеуште непотврден факт).

Kонтакт



Не можете да го прочитате кодот? Кликнете овде за нов код.

Производство

ТРГОПРОДУКТ д.о.о
Фабрика за преработка на зеленчук и овошје
с. Дабиле, 2400 Струмица, Македонија
Тел: +389 34 330 065
Факс: +389 34 323 065
е-пошта: contact@mamasfood.mk

Маркетинг & Продажба

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ д.о.о
Црвена Вода 8/14
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: +389 2 31 21 907
е-пошта: contact@mamasfood.mk

Партнери

Црна Гора
Bar Kod
Donja Gorica bb, 81000 Podgorica, Montenegro
tel: +382 20 260 730 fax: +382 20 260 884
E-mail: bar-kod@t-com.me
Web: www.bar-kod.com
Koсово
VITAMINKA TRADE sh.p.k.
Veternik p.n.10000 Prishtinë, KOSOVë
Tel.: +381 (0) 38 602 777 Fax.: +381 (0) 38 602 778
E-mail: vitaminkaks@hotmail.com
Web: www.vitaminka-ks.com
Хрватска
Plodine
Ruziceva 29, Rijeka, Hrvatska
e-mail: plodine@plodine.hr
web: www.plodine.hr

Mercator H
Ljudevita Posavskog 5, 10360 Sesvete, Hrvatska
www.mercator.hr

Konzum d.d.
M. Čavića 1a, 1000 Zagreb, Hrvatska
tel: 0800 400000
e-mail: konzum@konzum.hr
web: www.konzum.hr
Германија
Balkan shop Traev
Balkan shop Traev gmbh
Arnold str.1
44147 Dortmund, Germany
www.traev.com
Русија
Brockstone Group
Yosi Sharon
+7 (965) 124 2220
ys@brockstonegroup.com
Азбука Вкусa
121170 Moscow, Kutuzovsky Prospekt, 36, bld. 3, entrance 4
Tel.: +7 (495) 504-3487
www.azbukavkusa.ru
Франција
SARL BALKANIS
27 rue Frederic Mistral, 06370 MOUANS SARTOUX, France
web: www.balkanis.fr
Bulgaria | България
Anira Trading
адрес : гр. София, бул. Академик Стефан Младенов 76 Д офис 2
тел. 00359 898 33 03 04
E-mail: info@delictessen.bg
E-mail: anirtrading@gmail.com
web: www.delicatessen.bg

GPRO
Sofia, Vela Corbova No 15, Bulgaria
tel: +359 885 121228
E-mail: mamas@gpro.net
Канада
V & V Import Export
Mississauga, Ontario L4Z 2H8
Австралија
Marco Polo Foods Pty Ltd
7 Elizabeth Street
Campsie NSW 2194
Ph: (02) 9718 8922
Fax: (02) 9718 7335
Email: sales@marcopolofoods.com.au
www.marcopolofoods.com.au
Шведска
Mediteran Imp AB, Sweden
Adress: Lärjeågatan 13 Box 13014, 402 51, Göteborg, Sweden
Phone: +46(0)31-844 222, Fax: +46(0)31-841 653
E-mail: mediteran@telia.com
Велика Британија
Magaza - Balkan Food shop:
6 The Vale, Uxbridge Road, Acton W3 7SB, London
Tel: 0208 746 0089
Mobile: 0795 645 1195
web: www.magaza-balkanfood.com.uk
Швајцарија
Alban Market GmbH
Lebensmittel/Metzgerei
Klybeckstrasse 101, 4057 Basel
Web: www.albanmarket.ch
E-mail: info@albanmarket.ch

Ајвар факти

Дознај многу повеќе

Ако мислите дека знаете се за Ајварот, се лажете. Овде може да прочитате факти кои ќе ве изненадат.

Рецепти

Најдобриот вкус

Најдобри начини како да уживате во деликатесите МАМАС!!! Рецепти кои ќе ве инспирираат и поттикнат да почнете да приготвувате домашна храна.

Like за MAMA'S

која е mama's | mama's производи | домашно производство | mama's рецепти | mama's блог | контакт
Twitter icon

MAMAs tweets

Loading..
Copyright 2010 MAMA'S. All rights reserved.